Connect with us

Фудбал

Па дали е можно, се најде и тренер кој ја одбил Барселона?!

Доколку може да му се верува на францускиот „10Спорт“, екс менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер ја одбил понудата на Барселона да седне на клупата на каталонскиот тим од следната сезона.

Раководството на Барса е решено да ангажира нов тренер бидејќи тимот под водство на Кике Сетиен не е убедлив, впрочен во Шпанија останаа без ниту еден трофеј, а се уште се во игра во ЛШ. Следната сезона најверојатно ќе има нов тренер, а еден од кандидатите бил секако Венгер, кој ја одбил понудата.