Фудбал
Па, ова е лудница, тешко се опишува, Сити е шампион, се повтори 2012-та (ВИДЕО)
Манчестер Сити е шампион на Англија. За само пет минути успеа да го сврти резултатот и да стигне до победа од 3:2 која значеше победа. Губеше од Астон Вила на домашен терен, а со оглед на тоа дека Ливерпул имаше водство од 2:1 значеше дека Сити ќе остане без пехар. Но, од 76-тата до 81-та минута избранциите на Пеп Гвардиола постигнаа три голови и го свртеа резултатот во своја корист. Два гола постигна Гундоган, а еден Родри. Сити е шампион со 92 бодови, а Ливерпул победи против Вулверхемптон со 3:1, а сезоната ја завршува со 91 бод на второто место.
Мечот на Сити против Астон Вила многу наликуваше на оној против Квинс Парк Ренџерс во 2012-та година. Имено, на тој меч Сити губеше со 2:1 до 90-та минута, а потоа во судиското продолжение Џеко и Агуеро постигнаа голови за победа од 3:2 со што тимот од синиот дел на Манчестер Стигна до првата титула во Премиер лигата, или вкупно трета во англиското првенство. Таа сезона Сити и Манчестер Јунајтед имаа ист број бодови, по 86, но титулата отиде кај фудбалерите на Сити поради подобрата гол разлика.
CHAMPIONS! https://t.co/YhJCuCwrpf
— Manchester City (@ManCity) May 22, 2022