Фудбал
Па што ако има 35 години, Кристијано Роналдо сруши рекорд на Јувентус стар 80 години
Кристијано Роналдо со двата голови вечерва против Лион стигна до бројката 37 погодоци во сите конкуренции во оваа сезона. Со ова Португалецот, кој има 35 години, сруши клупски рекорд на Јувентус стар 80 години. Имено, рекордот го држеше повеќе од 80 години, или поточно речено 86 години, клупската легенда Фелис Борел, кој во 1933-34 година постигна 36 во Серија А и Куп Митропа, кој сега не постои, водејќи ги „Бјанконерите“ до Скудетото.