Connect with us

Фудбал

Па што прави Чаби Алонсо со Леверкузен, ги растура противниците (ВИДЕО)

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Баерн Минхен Чаби Алонсо има фантастичен почеток на новата сезона во Германија со неговиот Баер Леверкузен. Во шестото коло како гости славеа со 3:0 кај Мајнц. Ван дер Берг автогол, потоа Грималдо и Хофман се погрижија за убедлива победа.

Дека оваа висока гостинска победа не е случајност покажува и податокот дека Леверкузен во изминатите шест кола постигнал неверојатни 20 голови, а примил шест. Ова само покажува колку тимот на Алонсо игра напаѓачки и отворен фудбал.

Во моментов се лидери во Германија со 16 бодови, односно пет победи и едно реми, без пораз.

Standings provided by Sofascore