Connect with us

Фудбал

Па, зошто побогу? Судијата го продолжил мечот цели 42 минути, тотален хаос, гол за победа и ватерполо терен (ВИДЕО)

За време на Светското првенство во Катар имаше многу полемики поради големото продолжување на времето кое го покажаа судиите. Сето тоа беше надминато на еден натпревар во Боливија, кој беше продолжен за цели 42 минути! На натпреварот помеѓу Палмафлор и Блуминга, победничкиот гол на домашната екипа беше постигнат во 128. минута од натпреварот на терен кој повеќе личеше на ватерполо базен отколку на фудбал.

Навистина е неверојатно во какви услови се одигра овој натпревар. Поради врнежи и дожд, теренот беше натопен со вода, додека играчите во одредени моменти беа спремни за тепачки и бокс мечеви, често се користеше ВАР, забележани се два пенали, па дури и три црвени картони. Чудно е како заврши сето ова.