Connect with us

Други спортови

Падна договор меѓу Пакјао и Бронер

Филипинскиот боксер Мани Пакјао по двегодишна пауза ќе се врати во рингот и ќе ја брани титулата во велтер категорија во верзијата ВБА, закажувајќи голема боксерска пресметка со Адриен Бронер во „МГМ Арена” во Лас Вегас, на 19 јануари идната година. Тој се радува на новиот предизвик.

  • Ми недостигаше боксувањето во Лас Вегас. Се радувам на новото искушение. Се надевам дека ќе го одбранам шампионскиот појас, изјави Мани Пакјaо.

Пакјао (39) ја истакна и својата желба за реванш меч против Флојд Мејведер, кој го совлада во 2015 година.