Connect with us

Фудбал

Падна договор, Жиру има нов клуб

Веројатно Оливие Жиру со почеток од следната сезона ќе го гледаме во Серија А.

Иако искусниот француски напаѓач изјави минатиот месец дека ќе го обнови договорот со Челзи, последните информации сугерираат дека тој ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ и ќе ја продолжи кариерата во Италија.

„La Gazzetta dello Sport“ објави дека за Жиру сè уште е заинтересиран Интер и дека челниците му понудиле двегодишен договор, со опција за проширување на соработката, која ќе се активира во зависност од тимскиот и личниот настап.

Истите медиуми тврдат дека Жиру договорил скоро сè со Интер, а една од причините што ќе се пресели во „Меаца“ е Антонио Конте, кој го познава од Челзи.

Доколку се реализира трансферот, платата на Жиру ќе се преполови, добивајки четири милиони евра годишно наместо осум.

На крајот на сезоната Челзи најверојатно ќе ги напуштат Педро Родригез и Вилијан.