Connect with us

Фудбал

Падна и потписот на Конте, сè е подготвено за вечерашниот спектакл

Купот на Италија официјално доби зелено светло, па вечерва ќе уживаме во дербито Јувентус – Милан.

Датумот за полуфиналниот реванш беше познат пред две недели, но тоа требаше да го потврди и премиерот на Италија Џузепе Конте. Тој го стори тоа на помалку од 24 часа пред почетокот на натпреварот во Торино.

„Јас штотуку потпишав нов DPCM (владин декрет) што ќе им овозможи на спортските настани, натпревари, а со тоа и на Купот на Италија, да продолжат зад затворените врати и во согласност со издадените протоколи за ограничување на ширењето на инфекцијата“, рече Конте.

Првиот дуел помеѓу Јувентус и Милан на „Сан Сиро“ заврши со резултат 1: 1, а „Старата дама“ е фаворит во Торино пред овој дуел, но којзнае во каква состојба се наоѓаат сега и едните и другите, односно кои било спортисти во Италија.