Фудбал
Падна рекорд во Италија! Интер и Баерн конечно се договорија, но сумата е далеку од онаа која ја плаќаат англиските, шпанските, па и тимовите од Саудиска Арабија
Дефанзивецот на Баерн Бенџамин Павард се сели во Интер во трансфер вреден вкупно 32.000.000 евра, што ќе биде рекордна зделка ова лето во Италија. Нероаѕурите веднаш им плаќаат на Баварците 30.000.000, а останатите 2.000.000 преку бонуси, додека Французинот ќе го надмине трансферот на Ел Билал Туре, за кој Аталанта на Алмерија му плати 28.000.000 евра.
Павар долго време е голема желба на вицешампионот на Европа. Главно затоа што ја покрива и позицијата десен надворешен и десен стопер во системот со три позади, што ја пропагира Симоне Инзаги.
И играчот покажа желба да се пресели на стадионот „Џузепе Меаца“, а во текот на денешниот ден, или најдоцна до утре, Павар треба да пристигне на медицински прегледи и оваа зделка да биде официјалзирана.