Фудбал
Падна уште еден важен потпис во Челзи
На Фаустино Анјорин му беше дадена можност да игра за првиот тим оваа сезона, а сега потпиша петгодишен договор со Челзи.
18-годишниот играч го имаше своето деби во Лига купот минатиот септември против Гримсби, а исто така играше како замена во големата победа над Евертон (4-0) во март, пред да биде прекинат шампионатот.
Тој е најдобар стрелец во резервите на Челзи, а клубот реши да му стави до знаење со петгодишен договор колку сериозно смета на него.
“Ова е прекрасно чувство. Јас сум во клубот уште од шест години, па среќен сум што стигнав до оваа фаза кога можам да потпишам петгодишен професионален договор”, изјави Анјорин.
18-годишниот играч од средниот ред е со нигериско потекло, но тој играше за помладите селекции на англиската репрезентација. Со јуниорскиот тим на Челзи ја освои титулата во лигата во сезоната 2017/18.