Connect with us

Други спортови

Пајдушко оро се играше на НБА натпревар во Вашингтон (Видео)

На полувремето од натпреварот меѓу Вашингтон и Кливленд, во НБА лига, арената „Кепитал уан“ силно одекнаа звуците на Пајдушкото оро и се вееше македонското знаме.

Настапот заеднички го организираа Американско-турска асоцијација од Вашингтон и најголемата иселеничка организација на Македонци во светот, Обединета македонска дијаспора (ОМД), со седиште исто така во главниот град на САД, пренесува „Експрес“.

Македонско-турската вечер беше организирана во чест на кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман, роден пред 23 години во Охрид од татко Турчин и мајка Бошњачка, кој игра за репрезентацијата на Турција, а има македонско и турско државјанство.

 

;

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com