Фудбал
Пакета не е во тимот на Милан, но причината не е повреда, туку трансферот
Бразилскиот играч од средниот ред, Лукас Пакета, наводно, побарал од клубот да не биде во составот за вечерашниот натпревар против Бреша.
Причината лежи во фактот дека Пакета реши да се пресели во редовите на ПСЖ. Тој речиси и не играше откако тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли ја смени својата формација на 4-4-2, а на Бразилецот му се допадна тоа што го бара францускиот шампион во кој играа неговите сонародници како Нејмар, Маркињос и Тијаго Силва.
Интересот на ПСЖ се споменува со месеци, бидејќи сегашниот директор на ПСЖ, Леонардо е човекот кој го донесе Пакет во Италија пред една година за 35 милиони евра.
Тој не е во тимот кој гостува кај Бреша и сега медиумите во Италија тврдат дека не станува збор за повреда, туку дека играчот планира да се пресели во ПСЖ.
Сепак, Рикардо Родригез е во тимот, што е изненадувачки, бидејќи Швајцарецот беше на работ да се пресели во Фенербахче.