Фудбал
Палота: Се уште го чекаме Меси
Претседателот на Рома Џејмс Палота уште еднаш зборуваше за доаѓањето на Лионел Меси во клубот од италијанската престолнина, а сето тоа е дел од шега која Палота ја направи откако Малком премина во Варселона.
Откако Барселона го „украде“ Малком од Рома, претседателот на Рома Џејмс Палота кажа дека единствена комбинација за направената штета на Рома би била доаѓањето на Лионел Меси на „Олимпико“.
Наместо меси, од Барса во Рома стигна Франческо Калво кој ќе биде задржан за финансиските работи во Рома. Ова беше објавено на Твитер профилот на Рома, а потоа дојде нова шега, за Џејмс Палота овој трансфер не менува ништо и дека Рома се уште сака го Лионел Меси.
Pallotta: “This changes nothing. We still want Messi!” ? pic.twitter.com/jXnUaaqUv6
— AS Roma English (@ASRomaEN) August 2, 2018
Инаку, Рома денес го продолжи договорот со Алесандро Флоренци, кој ќе игра за “волчицата” до 2023 година.