Connect with us

Фудбал

Панчев ја откри најголемата грешка што ја направил

Поранешниот напаѓач на Црвена звезда Дарко Панчев зборуваше за текот на неговата кариера и за „најголемата грешка“ што ја направил.

Панчев оствари историски успех со Звезда кога ја освои титулата европски и светски шампион на почетокот на последната деценија од минатиот век.

Тој беше втор во изборот за „Златна топка“ во 1991 година, зад Жан-Пјер Папен од Марсеј, со 42 голови колку што имаа и Дејан Савичевиќ и Лотар Матеус.

По одличната сезона и 34 гола во 1991/92 година, тој направи трансфер во Интер.

„Мојата најголема грешка беше преселбата во Интер. Отидов во тим со многу лоша атмосфера, играв одбранбен фудбал. Како странец, се чувствував неподдржано и тие ме гледнаа поинаку, па имав проблем да се прилагодам. Грешката е само моја , затоа што можев да бирам помеѓу Реал, Барселона, Манчестер Јунајтед и останатите врвни екипи кои во тоа време ме бараа“, рече Панчев.

Проблемот не беше само на теренот, туку и надвор од него, поради пишувањето на италијанските медиуми.

„Тие воопшто не беа пристојни, но кога гледам од далечина, има смисла тие да бидат сочувствителни кон клубот, а не кон мене, и јас бев жртва на нивната игра“, се сеќава Панчев.

Поранешниот играч на Вардар, Лајпциг, Фортуна и Сион додава дека во негово време на напаѓачите им било потешко отколку во последните години.

„Секој кој го следи фудбалот во последните 20-30 години може да ја препознае разликата и да забележи дека од 1990. до 2005. година, играчите, а особено напаѓачите, беа многу помалку заштитени. Денес, напаѓачката игра е вистинско задоволство , одбраните се сменија, дуелите се помалку груби, а посебно внимание се посветува на играта и правилата во шеснаесетникот, што го олеснува постигнувањето на гол“, заврши Панчев.