Connect with us

Фудбал

Панчев: Црвена Звезда можеше да биде како Реал, Барса и Баерн

Во петок, на 29-ти мај Црвена Звезда ќе прослави 29-годишница од освојувањето на Купот на европските шампионите. На мечот одигран на 29 мај 1991 година се присети и Дарко Панчев. Популарната „кобра“ во интервју за Аренаспорт зборуваше за најславните денови на поранешниот европски првак.

Како домаќин Звезда во сезоната 1991/92 поради војната во Југославија, играше во Унгарија и Бугарија. Но, и тоа не ја спречи да го освои „пехарот со уши“.

-Штета што се распадна таа генерација, поради целата атмосфера која доаѓаше. Таа генерација би оставила уште поголем впечаток во европскиот фудбал, како што остави Баерн, Ајакс, Барселона, Реал Мадрид, изјави Панчев.

Дарко Панчев за таа сезона беше најдобар стрелец, но „златната копачка“ ја доби многу години подоцна, кога претседател на УЕФА стана Мишел Платини кој лично ја донесе наградата во Скопје.