Connect with us

Фудбал

Пандев: Дојдовме во Тбилиси по трите бода, атмосферата е одлична

Тбилиси, 7 септември 2020 (МИА) – Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандевпред утрешниот дуел против Грузија во Лигата на нациите изјави дека „жолто-црвените“ дошле по трите бода во Тбилиси

„Важни беа трите бода со Ерменија како за почеток. За разлика од Скопје тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Кај нас атмосферата е одлична, никогаш не ни била на вакво ниво. Свесни сме дека не сме 100% подготвени но во овој дрес секогаш треба да се даде максимумот и само така може да се стигне до посакуван резултат“, изјави капитенот Горан Пандев.

Поради повреди селекторот нема да смета на Иван Тричковски и Кире Ристевски.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра утре од 18:00 часот во Динамо Арена во Тбилиси.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com