Connect with us

Фудбал

Пандев и Џенова ќе бараат спас за опстанок во последното коло

Објавено:

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со својата екипа Џенова спас за опстанок во Серија А ќе бркаат во последниот натпревар.

Откако Џенова претрпе убедлив пораз од 5-0 на гостувањето кај Сасуоло, а составот на Лече славеше триумф со 2-1 против Удинезе на гостински терен, разликата на табелата меѓу овие дват тима е само еден бод повеќе за Џенова.

Така, Пандев и соиграчите во недела на домашен терен ќе мора да го добијат дуелот против Верона, за да бидат 100% сигурни дека и следната сезона ќе играат во Серија А.

Во спротивно, доколку одиграат нерешено или загубат, нивната судбина ќе биде во рацете на фудбалерите на Лече кои во последното коло ја пречекуваат Парма.

Инаку Серија А веќе сигурно ја напуштаат Бреша и СПАЛ.

Сител

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама