Фудбал
Пандев и Џенова во подобра форма од Јувентус, Лацио и Наполи, се поблиску до опстанокот
Горан Пандев и неговиот тим Џенова го добија градското дерби против Сампдорија. Македонскиот репрезентативец во интервју за „Скај Спорт“ во пресрет на овој меч изјави дека би сакал да се радува во градското дерби против Сампдорија со 2:1, а примарната цел е опстанок во лигата. Дербито е добиено, а и опстанокот сега е поблиску.
Џенова игра добро во последно време. Во последните пет меча има три победи и два порази, а ако се сметаат само поледните пет натпревари тогаш Џенова и Пандев се во подобра форма од Јувентус, Лацио и Наполи.
Џенова во моментов има 36 бодови, четири повеќе од Лече кој се наоѓа на челната позиција на црвената зона која води во понизок ранг.