Connect with us

Фудбал

Пандев уживаше во ВИП ложата, играа негови два поранешни тимови, паднаа четири голови (ФОТO)

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев синоќа беше во ВИП ложата на трибините во Џенова и во живо го гледаше мечот на неговите два поранешни тимови, Џенова и Наполи. Мечот заврши 2:2, беше возбудливо, а домаќините не успеаја да победат иако водеа со 2:0. Како што е познато, Пандев играше за Џенова и Наполи, а во моментов живее со семејството во Џенова. За Наполи едно полувреме одигра Елиф Елмас.