Поврзи се со нас

Фудбал

Пандев во Џенова добива засилување од Интер

Џенова, 25 септември 2020 (МИА) – Калчолигашот Џенова го позајми напаѓачот на Интер, Даријан Малес.

За Џенова настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Договорот се пресметува до крајот на оваа сезона, се вели во соопштението на веб-страницата на клубот.

Фудбалерот е „дете“ на Луцерн, а Интер го купи 19-годишниот Швајцарец овој месец за 2,5 милиони евра. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама