Други спортови
Паника во Њујорк, прв позитивен тенисер на коронавирус на УС Опен
Францускиот тенисер Беноа Пер е позитивен на коронавирус, односно Ковид 19, па ќе мора да го прекине неговото учество на УС Опен во Њујорк. Тој требаше во првото коло да игра против Камил Мајхржак од пОлска.
УС Опен се игра без публика, а тенисерите се во т.н „безбеден меур“, немаат контакти со надворешниот свет, а движењето и мешањето едни со други е строго ограничено.