Connect with us

Други спортови

Партизан гостин на 41. Меморијален одбојкарски турнир „Чајка“

Традиционално во Тетово кон крајот на годината се одржува меѓународен одбојкарски турнир во чест на македонската легенда Бранко Хаџи-Иљоски Чајка.

И годинава Агенцијата за млади и спорт ќе даде голема поддршка на овој турнир на кој ќе гостува Партизан од Белград.

– Го помагаме овој турнир во насока на придонесување на развој на одбојката и давање почит кон легендата на македонската одбојка, Бранко Хаџи-Иљоски Чајка. АМС заедно со Одбојкарската федерација на Македонија и синот на легендата на овој спорт, Ивица Хаџи-Иљоски се потрудија оваа година овој турнир да биде празник на одбојката во Тетово, рече Дарко Каевски директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Турнирот почна 1975 година и до сега, од оправдани причини, само два пати се нема одржано.

Покрај гостите од Србија учесници на турнирот ќе бидат:Вардар Скопје, Универзитет Тетово и Лешок од с. Лешок.

Полуфиналните натпревари ќе се играат утре со почеток од 17 часот, а мечевите за пласман се в сабота.

– Фокусот на турнирот оваа е врз машките екипи, со цел да видиме до каде е македонската одбојка во според со тимовите од соседството, изјави Ивица Хаџи-Иљоски на прес-конференцијата во АМС.

Во полуфиналето утре ќе играат:
Вардар – Лешок (17 часот) и
Партизан – Универзитет (19:30 часот).

Оваа година турнирот е влезен во календарот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).