Connect with us

Фудбал

Патрик Кутроне се враќа во Серија А!

Минатото лето, Патрик Кутроне го напушти Милан, и го облече дресот на „Волците“ како негова следна дестинација. Сепак, авантурата во Премиер лигата не помина добро за Италијанецот, кој се чини дека се враќа дома.

Според последните вести, Кутроне пристигна во Фиренца за да спроведе медицинските прегледи. Напаѓачот ќе се пресели на „Артемио Франки“ на заем за 18 милиони евра со право на откуп. Во Премиер лигата, Кутроне одигра 12 натпревари, постигнувајќи два гола.