Connect with us

Други спортови

Патрицио Мануел прв трансродов боксер  во САД

Патрицио Мануел стана првиот трансродов боксер професионалец  во САД. Тој во меч од супер про категорија го совлада Уго Агилар на поени. Американецот до триумфот дојде со едногласна одлука на судиите, но не им беше омилен на навивачите кои го исвиркаа.

– Слушам дека некои навивачи не се среќни. Тоа е во ред, но јас ќе се вратам и тогаш ќе ги направам среќни, изјави Патрицио.

Нануел бил петкратен државен шампион во женска конкуренција пред да настапи на проба зас олимпискиот тим на САД во 2020 година во Лондон, а промената на полот ја започна во 2013 година.

– Што е следно? Има некои луѓе кои нагодуваат и затоа морам да докажам дека заслужувам да бидам тука. Не сум тука заради една претстава, една борба. Ова е тоа што го сакам. Не сум готов со овој спорт, ќе се вратам, заврши 33-годишниот боксер.