Connect with us

Фудбал

Пауло Дибала во преговори за нов договор со Јувентус

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала и Јувентус се во преговори за продоплжување на соработката.

Дибала беше на трансфер-листата минатото лето, но како што пренесува „Тутопорт“, Старата дама сфатила дека е грешка и сега и нуди на нејзината sвезда договор до летото 2025 година.

Одличниот фудбалер бара во новиот договор да има плата од 10 милиони евра на годишно ниво и доколку тоа се исполни, тој ќе стане еден од најплатените играчи во Италија.

Тој се поврза со заминувањето ова лето, и имаше многу заинтересирани клубови, од ПСЖ до Манчестер Јунајтед. Сепак, на крајот остана во Јуве и постигна 11 гола и 11 асистенции на 28 одиграни натпревари оваа сезона.

Тој дојде во Торино во летото 2015 година од Палермо за 40 милиони евра, а неговиот моментален договор истекува во 2022 година.