Connect with us

Фудбал

Павловиќ за аферата: Влаховиќ мораше јавно да демантира

Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ изјави дека измислената афера која се појави на социјалните мрежи пред мечот со Швајцарија не го погодила толку како наводните актери на таа приказна.

„Ги слушнавме овие работи, нормално – имаме интернет, на социјалните мрежи сме. Неверојатно дека сите лесно веруваа во сето тоа?! Замислете кога Душан Влаховиќ требаше да присуствува на конференција и тоа: до каде е дојдено. Тоа воопшто не требаше да биде во преден план. Испадна дека е?!“, изјави Павловиќ за „Спортски журнал“ и додаде:

„Тоа не ме погоди, но повторно, тешко е да се прочита тоа, таквите обвинувања, иако знаете дека не е вистина. На играчите кои беа споменати не им беше удобно“.

Дефанзивецот смета дека во српската репрезентација владееле тактички грешки.

„Целта беше да се помине групата, бев убеден дека можеме, но… тие 10 минути против Камерун ги свртеа работите. Имаме тим за четвртфинале, барем за нокаут фазата, сепак понекогаш мора многу работи да се соберат. Во некои ситуации не бевме сконцентрирани, не „стоевме“ добро… Така е, игравме убав, напаѓачки фудбал, за жал – со многу тактички грешки. Недозволиво на тоа ниво“, заклучи Павловиќ.