Фудбал
Педри го пропушта остатокот од сезоната
Играчот од средниот ред на Барселона, Педри најверојатно нема да игра повторно до крајот на сезоната. 19-годишниот талент се повреди во поразот со 2:3 од Ајнтрахт (Франкфурт) во Лига Европа . Според новинарот Чави Кампос, Педри има скинат мускул и нема наскоро да закрепне.
„Мундо Депортиво“ ја потврдува сериозноста на повредата на играчот од средниот ред. Според изданието, првичните прегледи направени за шпанската репрезентација не влеваат оптимизам.
„Ме загрижува ситуацијата со Педри , но да почекаме. Во секој случај, ова е многу лоша вест“, коментира тренерот на Барса Чави Ернандез.
Педри има 12 натпревари и 3 гола оваа сезона во Ла Лига . Во последните недели тој беше еден од најдобрите играчи на Каталонците.