Connect with us

Фудбал

Педри: Луксуз е да се игра со Левандовски

Играчот од средниот ред на Барселона, Педри, откри дека е импресиониран од моменталното влијание на Роберт Левандовски на Камп Ноу. Полскиот интернационалец конечно потпиша за Каталонците откако го извести раководството на Баерн Минхен дека сака да си замине.

Баварците првично сакаа да ја задржат својата ѕвезда на Алијанц Арена, но тој на крајот се пресели во Барса.

Барселона го освои пријателскиот трофеј Жоан Гампер по победата од 6:0 над УНАМ Пумас. Лева постигна два од погодоците, а по последниот судиски свиреж Педри го изрази своето воодушевување од својот нов соиграч.

„Лукс е да се игра со Левандовски. Уживам во неговата игра и начинот на кој шутира. Можете лесно да се разберете со фудбалер како него. Во текот на мечот имавме интеракција и добро функционираше“, изјави Педри за „Мундо Депортиво“.