Connect with us

Фудбал

Педри: Меси ме научи да бидам смирен на натпревар и да се чувствувам слободен

Шпанскиот репрезентативец Педри научи од Лионел Меси како да остане сконцентриран и смирен за време на еден натпревар. Двојката ја погоди Барселона, но помина само една година заедно пред да се пресели аргентинскиот напаѓач во Пари Сен Жермен.

„Меси не научи (младите фудбалери) како да останеме фокусирани за време на натпревар и колку е тоа важно. Тој ни рече дека додека играме треба да се чувствуваме слободни. Лео Меси е најдобриот фудбалер што некогаш сум го видел и за мене тоа е чест да сум играл со него. Секогаш се однесуваше добро со мене“, изјави Педри за EFE, цитиран од goal.com.

“Меси е Аргентина. Сакам повторно да се сретнам со него во финалето на Светското првенство. Сакам да играм против Лео затоа што не сум го направил тоа досега. Мислам дека тоа ќе биде големо искуство”.

Шпанија во среда ќе го отвори Светското првенство против Костарика. Аргентина во вторник ќе се сретне со Саудиска Арабија.