Connect with us

Фудбал

Пеколно во соблекувалната на ПСЖ: Тухел одржа предавање на Мбапе пред сите

Килијан Мбапе се најде во центарот на вниманието на француската јавност, откако тој се спротивстави на тренерот Томас Тухел, бидејќи го извади од игра против Монтпелје.

Мбапе го напушти теренот после 68 минути и реагираше со брз одговор. Младиот дофрлуваше секакви зборови кон Тухел, кој се обиде да го смири некако, но не успеа.

Тухел не сакаше да се расправа со Мбапе во јавност и само кратко му објасни на младиот напаѓач дека не сака никаква дискусија со него додека мечот траеше.

Но, по натпреварот беше пеколно во собата. „Ле Парисен“ пишува дека Тухел бил бесен кога дошол во соблекувалната и ги замолкнал сите играчи за да може да каже што сака.

Тухел одржа предавање на Мбапе и кажа дека не може да се однесува со него така и дека нема право да биде незадоволен од замената. Тој само зачудено го гледаше Тухел, кој очигледно не е навикнат да зборува со некој на таков начин.

https://www.youtube.com/watch?v=tE-CNQMJdb8