Connect with us

Фудбал

Пеле му порача на Путин: Стоп за оваа изопачена и неоправдана агресија врз Украина

ЛЕГЕНДАРНИОТ бразилски фудбалер Пеле вчера апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да ја запре „оваа изопачена и неоправдана агресија врз Украина“. Бразилецот тоа го направи само неколку минути пред почетокот на натпреварот меѓу Украина и Шкотска на Хемпден Парк.

„Сакам да го искористам денешниот натпревар како повод да испратам апел. Стоп за инвазијата. Нема аргументи за оправдување на вакво насилство. Овој конфликт е изопачен, неоправдан и носи само болка, страв, ужас и гадење“, рече Пеле. на Инстаграм..

Тој не очекуваше дека ова ќе се случи

Пеле инаку го познава Путин, а последен пат се сретнаа во 2017 година кога во Русија се играше Купот на Конфедерации како натпреварување кое го најавува Светското првенство следната година. Тој ја опиша средбата и на Инстаграм.

„Кога се среќававме во минатото и разменувавме насмевки со долги ракувања, не очекував дека ќе дојде денот кога ќе бидеме толку поделени на спротивни страни како што сме денес“, додаде славниот Бразилец.