Connect with us

Фудбал

Пеле во болница поради тумор на дебелото црево

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле (81) е примен во болница на лекување тумор на дебелото црево.

Веста беше потврдена во средата од болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло.

Портпаролот на болницата изјавил дека Пеле е во стабилна состојба и дека за неколку дена треба да биде пуштен на домашно лекување.

Во средината на октомври, Пеле веќе имаше операција на тумор на дебелото црево, а потоа беше потврдена и хемотерапија. Потоа помина речиси еден месец во болница.