Connect with us

Фудбал

Пелегрини го напушта Бетис

Авантурата на Мануел Пелегрини во Бетис уште не почната, може да заврши, стратегот добил огромна понуда од Кина па сериозно размислува да замине по само три недели. Мануел Пелегрини пред две недели беше промовиран во нов тренер на Бетис. Иако не го водел клубот на ниту еден натпревар тој би можел да го напушти клубот пишуваат шпанските медиуми. Чилеанскиот тренер добил богата финансика понуда од неименуван кинески клуб.

Mедиумите од Шпанија пренесуваат дека Чилеанецот има богат предлог од Кина.

Конкретни суми не се откриваат, само се пишува дека понудата е огромна и не се одбива, па затоа стратегот размислува да си ги спакува куферите и да замине по само три недели.

Бетис избори опстанок во Ла Лига, а за наредната сезона има големи планови, да се врати во врвот на шпанскиот фудбал. Во клупските планови централна улога има тренерот Пелегрини, неговото евентуално заминување ќе претставува сериозен удар за клупските амбиции.