Connect with us

Фудбал

Пелегрини размислувал да го напушти Бетис

Мануел Пелегрини пред две недели беше промовиран во нов тренер на Бетис. Иако не го водел клубот на ниту еден натпревар тој би можел да го напушти клубот пишуваат шпанските медиуми. Чилеанскиот тренер добил богата финансика понуда од неименуван кинески клуб.

Според медиумите Гвангжу имале желба да го донесат Пелегрини. Му понудиле многу поголема плата од онаа што ќе ја заработува во Бетис. Гвангжу лошо ја започнаа сезоната во Кина, два порази во првите два мече со гол разлика 0:8, поради што во клубот му подготвиле отказ на тренерот Џовани ван Бронкхорст.

Шпанците тврдат дека Пелегрини веќе неколку дена преговарал со луѓето од Гвангжу.

Бетис избори опстанок во Ла Лига, а за наредната сезона има големи планови, да се врати во врвот на шпанскиот фудбал. Во клупските планови централна улога има тренерот Пелегрини, неговото евентуално заминување ќе претставува сериозен удар за клупските амбиции.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама