Connect with us

Кошарка

Пелистер го посрамоти ТФТ Скопје и се врати на врвот на табелата

Пелистер повторно е прв на табелата во македонската кошаркарска Прва лига, откако вечерва славеше со 104-68 против тимот на ТФТ Скопје.

Битолчаните уше од почетокот на натпреварот почнаа без мислот да го полнат кошот на ТФТ, па првата четвртина ја добија 22-16, а на полувреме Пелистер замина со одлична предност 45-33.

Пелистер продолжи со одличните игри и во второто полувреме, постојано го зголемуваа нивното водство во третата четвртина, достигнаа восоки +24 (71-47), сепак ТФТ не успеа да го ублажи поразот и на крајот мораше да прифати убедлив пораз од 104-68.

Најефикасен во екипата на Пелистер беше Игор Кесар со 27 постигнати поени, шест скокови и една асистенција, додека во тимот на ТФТ по 14 поени постигнаа Амир Смит и Ландриус Хортон.