Connect with us

Кошарка

Пелистер го совлада МЗТ Скопје, по повеќе од 1,5 година навивачите се вратија во салата „Боро Чурлевски“

По повеќе од 1,5 година навивачите се вратија во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Имаа можност, се разбира според протоколи, да го следат мечот помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје.

Домашните фанови треба да бидат задоволни со оглед на тоа дека Пелистер победи во натпревар со многу пресврти.

Кошаркарите на Пелистер го добија првото големо дерби, веројатно најголемиот ривал во битката за шампионската титула, МЗТ Скопје со 82:79.

Во таборот на Пелистер најдобар беше Бобан Стајиќ, кој средбата ја заврши со 23 поени, додека одлично одиграа уште Игор Кесар со 16 поени и осум скока и Бојан Трајковски со 12 поени. Хуан Дејвис со 21 поен и седум скока беше најдобар кај МЗТ, каде што фантастично деби имаше Немања Милошевиќ со 17 поени и 11 скока.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама