Фудбал
Пелистер се пофали: Ја имаме најголемата трансфер „бомба“ (ФОТО)
ФК Пелистер се пофали дека го ангажирале Томе Китановски, поранешен репрезентативец. Тој во Битола доаѓа од Струга Трим Љум, а се надеваат дека неговото меѓународно искуство ќе биде од големо значење за Пелистер. Како што велат од таму ја имаат најголемата трансфер “бомба“.
Китановски кој има 30 години, почна веќе играше за Пелистер од 2010-та до 2014-та, а потоа следуваше интернационална кариера во тимовите на Универзитеа Крајова (Романија), Вождовац, Младост (Србија), Истра, Славен Белупо (Хрватска), Сабал (Азербејџан), Кукс (Албанија), потоа во домашното првенство за Македонија ЃП, Шкупи и Струга.