Фудбал
Пеналите не ни ги гледаше: Сите играчи на Наполи го прославија трофејот, но еден остана со солзи на очите
Кога Аркадиуш Милик го претвори својот пенал во гол, прославата можеше да започне. Наполи го освои Купот на Италија по шести пат.
Сите играчи на Наполи заедно со тренерот Џенар Гатусо го прославија овој голем успех со оглед на настаните од сезоната. Сепак, на еден фудбалер не му беше до прославата.
Хозе Каљехон падна на колена и почна да плаче како мало дете, свесен дека дојде крајот на една ера. После седум години, Шпанецот ќе го напушти Наполи.
Калејон не сакаше да ги гледа пеналите воопшто, тој седеше со грбот свртен и ја чекаше нивната реакција. Откако сè беше успешно завршено, тој падна на колена и пукна во солзи.

Искусниот крилен играч досега одигра 338 натпревари во дресот на Наполи. Не му недостасуваа голови (80), но исто така и асистенција (77). Тој постигна гол 62 пати во Серија А, што е рекорд за Шпанец.
На Каљехон му останаа десетина дена до крајот на неговиот договор. Навивачите вршат притисок за продолжување, но контроверзниот Аурелио Де Лаурентис има различни планови. Ако ништо друго, тие ќе се обидат да најдат решение за продолжување на договорот за уште два месеци.
Во секој случај, ќе биде тажно збогување затоа што навивачите нема да имаат шанса да се збогуваат со фудбалерот кој ги правеше толку многу среќни во минатото.