Connect with us

Фудбал

Пеп Гвардиола најде нов голман

Пеп Гвардиола би можел да започне со обнова на Манчестер Сити следното лето.

Тренерот на „Граѓаните“ сака да го засили својот тим на некои позиции, и се чини дека тој би можел да стартува од голманската позиција.

Резервниот голман на Сити, Клаудио Браво, има договор до јуни 2020 година и треба да го напушти овој тим после тоа, бидејќи тогаш тој ќе наполни 37 години.

Гвардиола веќе се чини дека знае кој сака да го донесе, а тоа е голманот на Кристал Палас, Висенте Гуаити кој треба да биде замена за Едерсон следната сезона.

Шпанецот (32) оваа сезона оствари 16 настапи за Палас и прими толку гола, но доколку пристигне во Сити е јасно дека може да ја „загрее клупата“ во поголемиот дел од сезоната.