Connect with us

Фудбал

Пеп Гвардиола руши рекорд за најскап дефанзивец

Манчестер Сити е познат како екипа која многу троши. Не штеди пари доколку посакаат да имаат некој фудбалер. Па, така му се приклучија на Челзи во трката за Бен Чилвел, одличниот лев бек кој во моментов настапува за Лестер. Гвардиола неколку сезони наназад има проблеми со оваа позиција, па е убеден дека токму овој фудбалер е решението. Но, според англиските медиуми тоа решение би можело да го чини Манчестер Сити околу 90 милиони евра. Доколку се релизира трансферот, тогаш тоа ќе биде најголемата сума платена за дефанзивец.