Connect with us

Фудбал

Пеп Гвардиола се сретна со Раул пред денешното полуфинале со Реал

Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола се сретна со легендата на Реал Мадрид , Раул Гонзалес Бланко неколку дена пред првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

51-годишниот Гвардиола, кој е поранешен тренер на Барселона , и неговиот сонародник Раул, кој сега го води вториот тим на Реал, одржуваат добри односи уште од времето како фудбалери и вечерале заедно во Манчестер, пишува шпанскиот весник. објави „ Марка“.

44-годишниот поранешен капитен на Мадрид беше поврзуван и со тренерското место во првиот тим на Реал пред доаѓањето на Италијанецот Карло Анчелоти. Манчестер Сити вечерва во Англија го пречекува Реал Мадрид, а реваншот се игра на 4 мај во Шпанија.