Connect with us

Фудбал

Пеп Гвардиола седнува на клупата на петкратниот светски првак?!

Пеп Гвардиола е прв кандидат за селектор на Бразил, петкратниот првак, по завршувањето на Светското првество во Катар. Ова го објави шпанска „Марка“, угледен медиум кој не објавува непроверени инфирмации.

Според информациите на најугледниот шпански весник, Бразилците кои после Мундијалот остануваат со празна клупа зашто актуелниот селектор Тите објави заминување, по секоја цена сакаат да го земат Гвардиола, чиј договор со Манчестер сити завршува во летото 2023 година и тој веќе најави дека нема да ја продолжи соработката на „Итихад“.

Останува да се види дали Пеп Гвардиола ќе одлучи да се откаже од тренирање на тимови и ќе замине во селектори, а освен тоа понудата на фудбалската федерација на Бразил е 12 милиони евра годишно, или осум милиони помалку од она што го добива во Манчестер Сити.