Connect with us

Фудбал

Пеп, Тухел или Манчини: Кој ја добива наградата за најдобар тренер?

Пеп Гвардиола, Роберто Манчини и Томас Тухел се најдоа во потесниот избор за најдобар тренер во 2021 година, според ФИФА.

Гвардиола со Манчестер Сити ја освои Премиер лигата и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. Манчини ја предводеше селекцијата на Италија до титулата европски првак, додека Тухел и Челзи го понесоа трофејот во Лигата на шампионите.

Поради постигнатите резултати се очекуваше овие тројца тренери да бидат меѓу главните кандидати. Останува да видиме кој ќе ја добие престижната награда.

Наградата на ФИФА се доделува од 2016 година. Во претходните два тоа му припадна на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Претходно го освоија Дидие Дешамп, Зинедин Зидан и Клаудио Раниери.

Реклама

Facebook

Реклама