Фудбал
Пепе Реина својата кариера ја продолжува во Милан
Искусниот шпанскиот голман Пепе Реина на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи, бидејќи тој одлучи да не го продолжи договорот со овој клуб.
Реина и Наполи имаат договор до крајот на следниот месец и одби да остане во Неапол, иако имаше понуда. Шпанскиот голман се поврзува со неколку европски тимови, но изгледа дека одлучил да остане во италијанската Серија А.
Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели за италијанските медиуми изјави дека се согласиле со Реина и дека овој голман ќе ја продолжи својата кариера на Сан Серо.
“Имавме шанса да го доведеме бесплатно и мислам дека направивме добар потег. Реина сигурно може да ни помогне на теренот со нашето искуство. Навистина ни се потребни играчи со искуство, а Реина има премногу искуство”, рече Мирабели.