Поврзи се со нас

Фудбал

Переира на позајмица во Лацио

Рим, 2 октомври 2020 (МИА) – Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира, ќе му се приклучи на Лацио на позајмица една сезона, откако италијанскиот клуб потврди дека фудбалерот пристигнал во римската престолнина.

Переира отиде во Лацио со идеја да игра поредовно откако испадна од сметките на Оле Гунар Солскјер со доаѓањето на Бруно Фернандеш и Дони ван де Бик.

Дваесет и четири-годишниот Переира има 4 гола на 75 натпревари за „црвените ѓаволи“, а денес ќе помине медицински тестови и ако се оди добро, може да се смета за играч на Лацио.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама