Поврзи се

Фудбал

Перез го понудил Иско на ПСЖ

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го предложил играчот од средниот ред на „белите“, Иско на неговиот колега од Пари Сен Жермен – Насер Ал-Келаифи, пренесе „Диарио Гол“.

Информациите од објавата наведуваат дека ова се случило за време на првиот 1/8-финален дуел меѓу двата гиганти во Лигата на шампионите, кој заврши со успех од 3:1 за актуелниот носител на трофејот.

Изворите на изданието откриваат дека предлогот на Перез не бил добредојден. Ал-Келаифи категорично одбил, а негативен бил одговорот и на истото прашање во врска со Карим Бензема.

Потсетуваме дека претходно, медиумите во Шпанија шпекулираа дека Иско, најверојатно, ќе го напушти „Бернабеу“ по крајот на сезоната. Гласините се дека играчот од средниот ред не ги исполнувал барањата на Зинедин Зидан. Тој има уште неколку месеци за да ги сврти настаните во своја полза, и доколку не успее во обидите, ќе се збогува со „кралскиот“ клуб.

Меѓу кандидатите за потписот на Иско се Манчестер Сити и Челзи. Финансиските барања на актуелниот европски шампион не се големи, а гласини велат дека „граѓаните“ се подготвени да платат до 100 милиони евра.

Дваесет и пет годишниот Иско има 19 натпревари во Ла Лига оваа сезона и пет постигнати гола.

Иско се приклучи на шпанскиот гигант во сезоната 2013/14, кога дојде од Малага.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал