Фудбал
Перез ја отвори душата, ова е вистината за Мбапе и останувањето во ПСЖ
Килијан Мбапе минатиот месец ги изненади сите со одлуката да потпише нов договор со ПСЖ. Мбапе ги одбиваше понудите на ПСЖ да остане во клубот и беше речиси сигурно дека ќе го напушти Паркот на принцовите, но во последен момент се предомисли. Многумина беа сигурни дека овој напаѓач ќе потпише за Реал Мадрид со кој претходно договори речиси се. Сепак, Мбапе одлучи да остане во ПСЖ и сигурно е дека Реал тешко дека некогаш ќе му го прости тоа.
Мбапе и понатаму е една од главните теми во Шпанија, а за тоа проговори и претседателот на Кралскиот клуб Флорентино Перез.
Перез изјави дека не очекувал Мбапе на таков начин да игра за кралскиот клуб и на крајот да остане во ПСЖ и призна дека и самиот верувал дека Французинот ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“.
Сепак, тој призна дека ПСЖ направил се за да го задржи Мбапе и дека некои работи кои ги направиле едноставно немаат смисла и не треба да се случуваат во светот на фудбалот.
„Францускиот претседател Емануел Макрон му се јави на Мбапе и му рече да остане во ПСЖ, едноставно нема смисла. ПСЖ му понуди да биде лидер на нов проект и тоа промени се. Само за мене не беше исто, сакав да го донесеме. Тука никој од нас не е поголем од Реал Мадрид и тоа никогаш нема да се промени“, изјави Перез и продолжи.
“Мбапе не ме изневери. Многу пати ми кажа дека неговиот сон е да игра за Реал Мадрид, но за 15 дена се се промени поради политички и финансиски притисок. Неговиот сон мораше да се промени”.
“Никогаш не реков дека приказната за Реал и Мбапе е завршена засекогаш, никогаш не го кажав тоа. За три години многу работи можат да се променат. Сепак, не го сакам овој Мбапе. Оној со кој разговарав не е истиот како сега. Јас Го посакувам вистинскиот Мбапе“.
Да потсетиме, Мбапе го продолжи договорот со Париз до летото 2025 година и стана еден од најплатените спортисти во светот.