Connect with us

Други спортови

Перез најавува заминување од Рејсинг поинт на крајот на сезоната

Лондон, 10 септември 2020 (МИА) – Возачот на Рејсинг поинт, Серхио Перез најави заминување од Формула 1 тимот на крајот на сезоната. Возачот го објави ова на својот Твитер.

Перез вози за Рејсинг поинт (поранешна Форс Индија) од 2014 година. Како член на тимот, тој го освои третото место пет пати во трките од шампионатот во Формула 1.

Според неофицијални информации од голем број медиуми, местото на Перез во тимот ќе го заземе четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, кој сега е член на Ферари. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com