Connect with us

Фудбал

Перез: Нокаутирај го ПСЖ и добиваш нов договор или отстапи го местото за Лев

Реал Мадрид, наводно, го спремаат Германскиот стратег Јоаким Лев како можна замена за Зинедин Зидан.

Според Ла Стампа, Мадрид ќе го отпушти Зидан ако не ги помине ПСЖ во лигата на шампионите следниот месец.

Лев бил во разговор со Перез пред да го назначи Зидан тренер на Реал, со што Германскиот стручњак само чека повик да го превземе водството на Лос Бланкос

Потоа, Германецот има барање од Мадрид да му дозволи да води својата земја на Светското првенство 2018 пред да продолжи со сериозни подготовки со Реал.

Зидан открил по натпреварот со Нумансија во средината на неделата дека тој се согласил за нов договор до 2020 година, иако сé уште не е потпишан

Клупскиот рекорд на Лев не е константен, со само освоен Германски Куп и Австриска лига, но и водењето на „Ди Маншафт“ до светско првенство пред 4 години.