Фудбал
Перез повеќе нема да штеди, спремен е буџет од 500 милиони евра
Шпекулациите дека Нејмар ќе стане играч на Реал Мадрид се повеќе се потврдуваат од голем број Шпански медиуми, но тоа што е договорено е спектакуларно.
Веднаш на почетокот од летниот преоден рок, “кралскиот клуб” ќе понуди околу 150 мил. евра за најскапиот фудбалер на денешницата, Нејмар, но во обратната насока ќе се упати и најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо.
Истиот медиум тврди дека ваквата спектакуларна размена е договорена за време на изминатиот летен преоден рок. Неимар не можеше директно да се пресели на “Сантијаго Бернабеу” од редовите на каталонскиот гигант Барселона поради големиот притисок кој го чувствувал од челниците на Барса.
Од друга страна, Роналдо веќе не е толку среќен во Мадрид и се почесто размислува за промена на клупската средина. Шпанските медиуми тврдат дека најавената размена ќе биде реализирана откако ќе заврши Светското првенство во Русија.
Актуелниот светски и европски клупски шампион се подготвува за големите промени во клубот кои ќе се случат поради очајните резултати во актуелната сезона. Излезната врата од Бернабеу најверојатно ќе им биде покажана и на Герет Бејл и Карим Бензема, а друштво на Нејмар во новата сезона би требало да му прават и Хари Кејн, Мохамед Салах и Пауло Дибала. Раководните лица на кралскиот клуб се подготвени да одвојат рекордни 500 мил. евра за фудбалери кои ќе се преселат во Мадрид за време на летниот преоден рок.